-->
-->
Нов скандал во ФИФА, Германија платила за СП во 2006!
-->
Голем скандал како ‘бомба’ би можел одекне во светскиот фудбал, доколку се потврди дека Германија ја купила организацијата на Светското првенство во 2006 година.
Како што пишува весникот Spiegel, ова би можело да биде најголемиот скандал во германскиот фудбал уште од местењето на натпревари во Бундеслигата, во 70-те години од минатиот век.
Весникот тврди дека Германија со поткуп дошла до организацијата на Мундијалот. Сé започнало кога наводно Роберт Луис-Драјфус (кој починал во 2009 година), во тоа време прв човек на „Adidas“, им позајмил пари на челниците на Германската федерација за да ја добијат организацијата на СП.
Ова и не би било чудно, доколку сé не било направено на 6-ти јули 2000 година, многу пред да биде донесена одлуката кој ќе биде домаќин на Мундијалот во 2006 година.
Проблемот станал кога на 18 месеци пред почетокот на СП, Луис-Драјфус побарал да му биде вратена сумата од 6,7 милиони евра. Челниците на организациониот комитет беа легендарниот Франц Бекенбауер (претседател) и Волфган Нисбах, кој е актуелен претседател на Германската федерација.
Во прикривањето на целиот случај наводно учествувала и ФИФА. Германците споменатата сума ја уплатиле на сметката на ФИФА во Женева, со образложение дека тие пари ќе бидат искористени за церемонијата на свеченото отворање. Spiegel пишува дека ФИФА тие пари веднаш му ги префрлила на Луис-Драјфус.
Епилогот е дека Германија парите ги употребила за да обезбеди четири гласови на азиските претставници во Извршниот комитет на ФИФА, кој брои 24 членови. Азиските претставници гласале исто како и европските, единствено Чарлс Демпси се откажал од гласањето и Германија со 12:11 ја доби организацијата на Мундијалот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во наредните денови свежи утра, а преку ден сончево и топло до 33 степени
-
Лебот нема да поскапи
-
Во уште една земја-членка на НАТО пронајдени остатоци од руски дрон
-
Пријавена епидемија на труење со храна во Куманово
-
Притвор од 30 дена за првосомничениот за пожарот во Трубарево, останатите тројца во куќен притвор
-
Во Трубарево нема надминување на граничните вредности на ПМ честички
-
Полицајци со калашникови во прилепската болница откако две групи се обиделе да се пресметаат | ВИДЕО
-
Под неисправно возило во Дебар пронајдено оружје и муниција