Македонија
13. December 2016 - 17:30

Нов систем за греење и ладење во ССОУ „Коле Неделковски“ во Велес

Во ССОУ „Коле Неделковски“ во Велес денеска во спортската сала беше пуштен во употреба новиот систем за греење и ладење.
 
Во заедничкиот проект на Општина Велес и УСАИД вреден 26 илјади евра беше извршена и реконструкција на електричното осветлување во училиштето, заменети се сите прозори со нови ПВЦ, а извршена е и реконструкција на покривниот дел на училиштето.
 
Како што изјави за медиумите Славчо Чадиев градоначалник на Општина Велес, а  кој денеска направи увид во реконструкцијата, со овој проект во многу се подобруваат и условите за изведување на наставата во ова велешко средно стручно електро - машинско училиште во кое учат ученици од поширокиот регион и други градови.
 
- Задоволен сум од реализацијата на целокупниот проект. Со него училиштето исполнува високи критериуми  за настава и  на тоа поле станува едно од водечките во земјава, потенцира Чадиев.