Нов рекорд на Клинтон - Во септември добила 154 милиони долари за кампањата

Хилари Клинтон објави дека во септември собрала 154 милиони долари за својата предизборна кампања што е нејзин досегашен рекорд, додека нејзиниот републикански ривал Доналд Трамп добива помали донации.
Во август Клинтон доби 143 милиони долари, а Трамп 90 милиони. Вообичаено е донациите да растат со приближување до изборите што треба да се одржат на 8 ноември.
Донациите се состојат од два дела – За официјалниот одбор на капмањата (84 милиони) и за Демократската партија (70 милиони). Поединец може да даде максимум 2.700 долари за кандидат за претседателски избори, а остатокот се дистрибуира на одбори на Демократската партија по сојузни држави.
Повеќе од 900 илјади луѓе дале прилози во септември за кампањата на Клинтон, а од почетокот на кампањата – 2,6 милиони луѓе.
Трамп се уште не соопштил за сумата собрани донации за септември. Тој рече во септември дека самиот дал околу 60 милиони долари како прилог за својата кампања за Белата куќа. Дваесет и четири часа по првата тв-дебата Доналд Трамп нагласи дека добил 18 милиони долари парични прилози.
Ново на Сител
-

Град Скопје: Водата е безбедна
-

Скопјани масовно купуваат вода од маркетите - шпекулациите за ешерихија ги празнат рафтовите
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го допре дното
-

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување поради страв од блокада на Унијата
-

25 години Охридски рамковен договор
-

„Пулс“ незаконски бил пренаменет во дискотека, објектот бил предвиден за лесна индустрија
-

Прогласена епидемија на западнонилска треска во пет скопски општини - почина 83 годишен скопјанец
-

Преглед на вестите од светот
