Бизнис
22. February 2021 - 19:49

Нов протест на угостителите

Втор протест поради забраната за организирање прослави. Покрај угостителите кои имаат ресторани за свадби и ноќни клубови, протестираа и музичари, сопственици на бутици за венчаници, фото студија, цвеќарници и други комплементарни дејности.
Незадоволни се од добиената помош од државата, што не е доволна да ги покрие ниту нивните фиксни месечни трошоци.

Бараат да почнат со работа според постоечките протоколи, но и дополнителна помош од државата бидејќи речиси цела година се затворени.

Следниот протест е најавен за во среда, а повторно ќе ја блокираат главната крстосница од 15-17 часот. Доколку наскоро не почнат со работа, протести ќе има и во другите градови.