Македонија
15. February 2022 - 16:30

Нов протест на патниот правец Битола - Кичево, ако нема одговор протести ќе има секој ден

Жителите од демирхисарските села денеска повторно го блокираа регионалниот пат Битола – Демир Хисар – Кичево, кај селото Сопотница за да го искажат своето незадоволство од лошата состојба на патот. 

Денеска побараа итна средба со министерот за транспорт и врски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта и сите надлежни институции. Жителите велат дека доколку нема брза реакција од надлежните, протестите ќе продолжат секојдневно. 

-Да дојдат, да поразговараме, да ни понудат искрено ветување дека патот брзо ќе се рехабилитира. Протестите ќе мора да продолжат и понатаму на мирен начин, ние го сакаме тоа, но луѓето се приморани на некој начин, рече Никола Филиповски, жител на демирхисарско.

Бараат рехабилитација на делницата Другово-Демир Хисар во најбрз можен рок.

-Нема место за вештачко шминкање на дупките, потребна е комплетна ревитализација на патот и што е можно најитно, да не бидат луѓето во ваква ситуација луѓето отсечени, да не можат да си ги вршат своите работи, рече тој.

Од Министерството за транспорт и врски после после првиот протест рекоа дека проектот за рехабилитација на 42 километри од овој патен правец треба да биде завршен до напролет, а за да им излезат во пресрет на жителите додека се работи на проектната документација, ќе извршат санација на најоштетените делови.