Нов проект на ФФМ ,,Куќа на фудбалот"
За да ја приближи возбудата од фудбалските терени ширум земјава до секој љубител на македонскиот фудбал, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) почнува со проектот наречен „Куќа на фудбалот“. - Македонскиот фудбал го следиме, читаме по весници, кликаме вести на портали, го разговараме, а тоа значи дека фудбалот во Македонија е актуелен и го сакаме. Суштината на емисијата ќе биде да се доближи македонскиот фудбал до публиката, да се дискутира за него, да се даде критика кога е потребно или пак, некој заслужен позитивен коментар.” – изјави Златко Андоновски, портпарол на ФФМ. Емисија ќе се реализира во скај студио во ФФМ со поглед кон терените во комплексот „Куќа на фудбалот“. Концептот на емисијата ќе биде сличен на европските интерактивни дебатни емисии за анализа на фудбалските натпревари по секое одиграно коло во македонската Прва лига и второлигашката конкуренција. Овозможено е он-лајн следење во живо на пет саботни натпревари од втората лига и пет неделни натпревари од првата лига преку посебната платформа на ФФМ: tv.ffm.com. Секој понеделник во рамки на емисијата во која ќе се прави преглед на колото, натпреварите ќе бидат анализирани, дебатирани и оценувани од стручен агол од страна на гости инволвирани во различни аспекти на фудбалската игра. - Во Македонија досега не постоеше емисија од ваков карактер и со ваков концепт каде што ќе се даде простор да се изнесе мислење за случувањата во спортот кај нас и поради тоа сигурни сме дека ќе има позитивен одѕив и ќе биде позитивно оценета и прифатена од јавноста и од фудбалските експерти, додава Андоновски. Првата емисија ќе биде емитувана вечерва по вестите на телевизија Канал 5, а прв гостин е претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.
Ново на Сител
-

Во Женева заврши првиот ден од преговорите меѓу Русија, САД и Украина
-

Тројца загинати во експлозија во зграда на руската воена полиција
-

Зеленски: Досега од Русија се вратени 2.000 украински деца
-

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар - Стража - Кичево
-

ФИФА загрижена поради слабиот интерес за Светското првенство 2026
-

Зголемени производството и продажбата на шумски сортименти во државните шуми
-

Врнежи од снег со послаб интензитет на Пониква, магла до 150 метри на Пресека
-

Судот го одби барањето за укинување на притворот на обвинетите Васев и Нухи во „Онкологија 2“
