-->
-->
Нов пораз на Оклахома
-->
Иако тимот на Оклахома сезовава важи за претендент за највисок пласман сепак „Тандерси“ се одново поразени. На гостувањето во Сакраменто оклахома загуми од „Кингси“ со 94:86. Ударното трио на Оклахома, Вестбрук-Ентони-Џорџ беше далеку од очекуваното иако Расел Встбрук средбата ја заврши со 20 поени, 12 скока и 6 асистенции, Кармело Ентони придодаде 16, а Пол Џорџ 12 поени.
Вице-шампионот Кливленд во интересна завршница го совлада Милвоки со 124:119. Кевин Лав дуелот го заврши со 32 поени и 16 скока, додека Леброн Џејмс имаше 30 поени, девет асистенции и осум скока. Кај Милвоки, а воедно и на натпреварот најефикасен беше Јанис Антетокуомпо со дури 40 поени.
Српскиот интернационалец Никола Јокиќ ја одбележа изминатата ноќ во НБА лигата. Центарот на Денвер постигна рекордни во кариерата 41 поен во победата на својот тим против Бруклин со 112:104. Јокиќ средбата ја заврши со „дабл-дабл“ учиник, бидејќи на 41 поен придодаде и 12 скокови.
На останатите натпревраи одиграни ноќеска во НБА лигата, беа постигнати следниве резултати: Индијана - Њу Орлеанс 112:117, Вашингтон - Далас 99:113, Њујорк - Шарлот 118:113, Торонто - Чикаго 119:114, Сан Антонио - ЛА Клиперс 120:107, Јута - Филаделфија 97:104, Портланд - Мемфис 97:98.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Русија годинава очекува благ пад на извозот на нафта
-
Трамп ќе воведе 100-процентна царина за сите филмови направени надвор од САД
-
Опен АИ воведе безбедносни мерки за тинејџери кои ја користат алатката ChatGPT
-
Меџити: Времето е за работа, ред и развој, време е за Чаир
-
Можноста за воведување на нови авиолинии, тема на средбата меѓу вицепремиерот Николоски и шведскиот амбасадор Солстром
-
Пленковиќ: Не е прашање дали, туку кога Хрватска ќе ја признае Палестина
-
Уште еден случај на затруено дете во Куманово
-
Трамп денеска со Нетанјаху во Белата куќа за мировен договор за Газа