Нов пад на фунтата по соопштувањето датум за почеток на Брегзит
Британската фунта денеска забележа нов пад на лондонската и на другите берзи, откако премиерот Тереза Меј, првпат, најави датум за почеток на преговорите за Брегзит.
Фунтата се намали за еден отсто во однос на американскиот долар и кон заедничката европска валута- еврото.
За една британска фунта сега се потребни 1,28 долари и 1,14 евра, што е најнизок курс кон американската валута, од крајот на јуни и соопштувањето на резултатите од референдумот, додека кон еврото, станува збор за најниската вредност на британската влаута во изминатите три години.
Финансискиот аналитичар во лондонскиот финансиски центар Сити, Конор Кемпбел, изјави за Би-Би-Си дека ваквата ситуацаја со фунатата не претставува изненадување, затоа што се очекуваше почнувањето на процесот на Брегзит да биде „лоша вест“ за британската валута.
- Она што најмногу го покрена денешниот пад, тоа е најавата (на премиерот Меј и на другите конзервативни политичари) дека запирањето на имигрантите од ЕУ е главната цел на владата, дури и доколку тоа се судри со британското останување на заедничкиот пазар, објаснува Кемпбел.
Во исто време, експерти на Сити тврдат дека пазарот во Велика Британија, засега, останува стабилен, најмногу затоа што извозните фирми имаат полза од ослабнатата фунта и од нејзиното натамошно опаѓање.
Ново на Сител
-
Бојмацалиев: Вечна слава на загинатите припадници на македонската полиција во Диво Насеље
-
Од утре до 9 август во Косово ќе се менуваат српските возачки дозволи
-
Од утре до 9 август во Косово ќе се менуваат српските возачки дозволи
-
Девет години од настаните од „Диво Насеље“
-
Вучиќ и ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова
-
Евроамбасадорот Гир ја честита победата на Сиљановска-Давкова
-
Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски
-
Новиот состав на Собранието треба да се конституира најдоцна 20 дена по изборите