Нов лик на рекреативниот центар „Сапунџица“ кај Нижо Поле
Центарот за развој на пелагонискиот регион со седиште во Битола го обнови и стави во функција рекреативно-излетничкото место „Сапунџица“ што се наоѓа во атарот на потпелистерското село Нижо Поле.
Проектот е финансиски поддржан од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година и вложени се 13 милиони денари. Имплементацијата на проектот ќе овозможи зголемување на бројот на посетители во руралните средини и ќе придонесе за поттикнување на одржливиот рурален развој во Пелагонискиот регион преку развој и промоција на Пелагонија како туристичка дестинација, беше соопштено на промотивниот настан во Нижо Поле.
- Станува збор за излетничко место кое нуди можност за рекреација со различни услуги. Направени се повеќе зафати, комплетно реновирање на објектот – чајџилница, со нова дограма, внатрешно уредување, поставување нов мебел, комплетно нова кујна, санитарните јазли, се што е потребно за да добиеме современ и функционален планински дом, истакна Емилиа Ѓероска, директорка на Центарот за развој на Пелагонискиот регион.
Излетничкиот центар „Сапунџица“ е збогатен со нови анимациски создржини. Изградена е платформа за деца, во чии рамки се наоѓа детски парк, како и пет платформи за рекреација на посетителите, во чии рамки се поставени скари, 48 клупи и 18 чадори кои се наменети за користење од страна на посетителите во текот на пролетниот и летниот период. Поставено е и амбиентално осветлување на изградените платформи со вкупно 45 канделабри, како и осветлување по должина на ски-патеката со вкупно 20 канделарби, што дополнително овозможува услови за ноќно скијање.
Ново на Сител
-
Трамп даде зелено светло за UFC настан пред Белата куќа
-
Почесна артилериска стрелба утре по повод Денот на независноста
-
Мицкоски: Ја стабилизираме економијата, трговската размена во пораст
-
Две лица приведени при обид да ограбат маркет во Чаир, по едно лице се трага
-
Вучиќ тврди дека се подготвуваат за 19 септември демонстрации против Канцеларијата за Косово и Метохија
-
Кај Дебар спречен шверц на добиток од македонска на албанска територија
-
Средба на министерот Муцунски со генерална директорка на Светската трговска организација
-
Приведен жител на неготинско Криволак, пријавен дека нападнал малолетник