Нов ДУП за „Пролет“

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, заедно со советниците и со раководителите на секторите, синоќа оствари средба со жители на населбата „Пролет“.
Како што соопшти денеска општина Центар, граѓаните биле заинтересирани за можностите и новините од ДУП „Пролет“, кој е во фаза на изработка.
- За да се реши проблемот на сите згради, од кои најголемиот број се во лоша состојба, се предвидува зголемување на катноста за уште два спрата и поткровје. Со ова, зградите во најстарата населба во Скопје ќе станат атрактивни за инвеститорите. Тие, пак, ќе бидат должни да ја санираат зградата, да постават енергетско-ефикасна фасада, нови инсталации, но и за првпат да инсталираат лифт. Општината нарача елаборат во Институтот за земјотресно инженерство, и на средбата наредната недела ќе ги презентираме наодите за стабилноста, доколку се зголеми катноста, истакнал Жерновски на средбата со граѓаните на „Пролет“.
Граѓаните своите размислувања ќе ги искажат на наредната средба, но и на јавната анкета за ДУП „Пролет“, која, како што ветил градоначалникот, ќе трае колку што е потребно и колку што ќе побараат жителите.
Се очекува новиот ДУП да се најде на Дневен ред на една од наредните седниците на општинскиот совет.
Ново на Сител
-

Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
-

Почина Доли Партон
-

Канада воведува нови царини за американските производи, трговската војна се заканува да ги погоди и Американците
-

Акција за отстранување хаварисани возила во општина Карпош
-

Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
-

ЦУК: Осум активни пожари, еден под контрола, а 14 се изгаснати
-

Федерер не планира враќање на тенисот
-

„ОпенАИ“ откри разгранета мрежа за влијание што ги прикривала руските траги
