Бизнис
20. July 2022 - 16:35
Нов договор за пругата кон Бугарија
Потпишан е уште еден во низата договори за изградба на пругата кон Бугарија. Повеќедеценискиот проект, кој беше предизвик за повеќе влади до сега, доби нови рокови за изградба. Надлежните се уверени дека овој пат Македонија конечно ќе биде железнички поврзана со целиот регион.
Железница на коридорот исток-запад ќе значи поврзување со пристаништата во Албанија и Бугарија, што е од големо значење на бизнисот.
Освен за изградба на пругата кон Бугарија, договор беше потпишани и за реконструкција на железницата од Коридорот 10, а парите се обезбедени преку Европската банка за обнова и развој и Европскиот инвестициски фонд за Западен Балкан.
-
Мирјана Јовеска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
