Нов асфалт и осветлување на дел од ул. „Самоилова“ на Кале
Нов асфалт и улично осветлување се ставени на крак од улицата „Самоилова“ на Кале, кој води до Музејот на современа уметност. Реконструираниот дел на улицата е со површина од 3.200 метри квадратни и должина од 500 метри.
Општина Центар соопшти дека стариот, дотраен и оштетен асфалт е заменет со нов и висококвалитетен и дека кракот од оваа улица е реконструиран по повеќе од 20 години во соработка со Град Скопје.
- На улицата „Самоилова“ има и ново улично осветлување, а поставена е и нова хоризонтална сигнализација со цел да се обезбеди поголема безбедност на пешаците и нормален тек на сообраќајот на возилата, информира општина Центар, најавувајќи реконструкција и на улиците „Димитар Пандилов“ и „Ганчо Хаџи-Панзов“.
Во тек е санација на улицата „Ѓуро Ѓоновиќ“ во Маџир Маало и на улиците „Петричка“ и „Велешка“, а привршува и реконструкцијата на улицата „171“ во населбата Крњево.
Ново на Сител
-
Штипска физикална со недостаток на кадар и пристојни услови за работа
-
Иницијатива за законски измени, родителите на деца со попреченост да добијат статус ,,родител негувател“
-
Потенцијал за повеќе туристи има, недостасува стратегија
-
Драматична сликата на Преспанското Езеро
-
СДСМ: 50 партиски вработувања во Осломеј
-
ВМРО-ДПМНЕ: Милионска шема со државни тендери
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот со Стоје Арсовски, пилот на ертрактор