Нов албум на починатиот Енио Мориконе
Посмртен албум на италијанскиот композитор Енио Мориконе, беше претставен на Интернет. Колекцијата го носи насловот „Мориконе сегрето“ (Morricone Segreto).
Мориконе почина во јули годинава.
Албумот содржи 27 дела напишани од композиторот меѓу 1960-тите и 80-тите. Од нив, седум се досега необјавени, а има и помалку познати, иновативни и експериментални мелодии создадени од маестрото на филмската музика.
„Секоја песна е полна со значење, смисла за хумор, интензивно оркестрирање и со немирниот дух на композиторот. Во ’Мориконе сегрето’ авторот се претставува во својата најсјајна и најпрепознатлива форма. Тоа е вечна музика“, се вели во соопштението.
Според „Ла Република“, во вторник, на 10 ноември – роденденот на композиторот (кога би наполнил 92 години), колекцијата ќе биде издадена на ЦД и лонг-плеј плоча. Албумот ќе може да се слуша и симнува и на легалните интернет-платформи.
Ново на Сител
-
ДЗР: Владата има застарен софтвер
-
Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на ИДСЦС
-
8-дневен притвор за насилникот што влета на терен - синот исклучен од ФФМ
-
Пратениците без нова иницијатива за изборни измени – Собранието со декларација ќе гарантира фер избори
-
Продолжуваат партиските препукувања пред локалните избори
-
Алиу се сретна со Кедев – од 15 септември приватните болници задолжително ќе ги пријавуваат сите прегледи и интервенции во МЗ
-
Голема акција на финансиската полиција: Уапсени 7 лица, едно е во бегство
-
Обвинителството бара притвор за таткото насилник кој претепа двајца млади фудбалери во Штип