Нов 31 случај на заразени во Косово со Ковид-19, вкупно 480
Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) објави дека во текот на вчерашниот ден во земјата се потврдени нови 31 случај кои, од извршените испитувања во петокот, резултираа позитивни на Ковид-19, со што официјалната бројка на заразени со новиот вирус во земјата достигна до 480, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според синоќешното соопштение на ИШПК, вчера во неговата Лабораторија за молекуларна микробилогија се тестирани примероците на 195 лица за кои постоело сомневање дека се можни носители на вирусот. Вкупната бројка на тестирани од 8 февруари, заклучно со вчерашниот ден, изнесува 3.915.
Најмногу од новозаразените, вкупно 15, се од општина Урошевац, која е новото жариште на епидемијата во Косово, со 81 заболен. Деветмина од вчера потврдените заболени од Ковид-19 се од Витина, двајца од Приштина и по еден од општините Косово Поле, Србица, Штимле, Зубин Поток и Лепосавиќ.
Вчера се евидентирани и нови пет лица излекувани од новиот коронавирус, согласно методите пропишани од Светката здравствена организација, со што бројката на лица кои ја пребродиле заразата се зголеми на 84.
ИШПК објави дека во петокот во земјата е регистриран и еден нов случај на починат од Ковид-19, така што бројот на жртви на пандемијата во Косово изнесува 12.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург
-

Американската армија целосно се повлече од Ирак
-

Во напади врз Харков и Киев повредени повеќе од 25 луѓе
-

Променливо облачно со сончеви периоди
-

Приведен 21 возач поради безобѕирност
-

Земјотрес од 3,3 степени почувствуван во Македонија
-

Вучиќ, во пресрет на неговата оставка, најави помилувања и аболиции
-

Кривична пријава за две лица кои измамиле 88-годишник и му одзеле 300.000 денари
