Нотен запис на Моцарт продаден за 372.500 евра
Оригинална партитура за менуети којaшто Волфганг Амадеус Моцарт ја напишал кога имал 16 години, и која била дел од колекцијата ракописи на австрискиот писател Штефан Цвајг, е продадена денеска во Париз за 372.500 евра, скоро двојно повеќе од почетната цена.
Композицијата со два завршени менуета за оркестар, првично била проценета меѓу 150.000 и 200.000 евра. Компонирана е 1772 година во Салцбург.
– Цвајг бил голем колекционер на нотни записи, меѓу нив можеби најзначајни се Моцартовите… Ова е единствениот примерок од партитурата. Моцарт секогаш застанувал кај првата верзија, за разлика од Бетовен, кој постојано би му се враќал на својот труд, рече Сајмон Мегвајер, стручњак за музички ракописи во аукциската куќа „Сотби“.
На нотниот запис, со ракописот на Моцарт е напишано и „готово”. Тој никогаш никаде не е објавен, има неколку исправки и мали измени, од кои една или две се од таткото на Моцарт – Леополд. Композицијата ја зачувала сестрата на славниот музичар – Марија Ана, а на крај делото завршило во обемната колекција на Штефан Цвајг.
Записот е единствен од „Шест менуети К.164“ којшто сè уште е во приватна сопственост. Наддавањето е во рамки на продажбата на дела од библиотеката на познатиот швајцарски библиофил Жан-Франсоа Шапоние.
Моцарт своите први музички дела ги компонирал како дете со помош на татко си.
Ново на Сител
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани
-
Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“