Норвешки експерти: Силен имунолошки одговор е причина за појава на тромб по вакцинацијата со АстраЗенека

Норвешки медицински лица тврдат дека ја откриле причината за несаканите ефекти по примањето на вакцината на „Астра Зенека“, објави весникот „Верденс Ганг“.
– Станува збор за силен имунолошки одговор предизвикан од вакцината, рече проф. Пол Андре Холм.
Тим медицински лица од болницата „Рикхоспиталет“ работеа напорно за да откријат зошто тројца здравствени работници на возраст под 50 години биле примени со тромб, откако се вакцинирани со „АстраЗенека“.
– Нашата теорија дека станува збор за силен имунолошки одговор, што со голема веројатност е предизвикан по вакцинацијата, е потврдена. Откривме специфични антитела во тромбоцитите, кои покажуваат слика позната од други области на медицината и предизвикана од специфични лекови, рече Холм.
„Ништо друго, освен вакцината, не може да ја објасни појавата на овој имунолошки одговор, бидејќи станува збор за специфични антитела, велат научниците.
Ново на Сител
-

Неопходни се рабони места кои ќе понудат баланс меѓу приватниот и професионален живот
-

Донирај текстови, документи и гласовни снимки за потребите на „Везилка“
-

23 септември - ден на знаковниот јазик
-

Преглед на вестите од светот
-

Со изведување докази продолжува судењето за злоупотребите во Државна лотарија
-

Откриена нелегална плантажа со 680 килограми марихуана, приведени две лица
-

Националната стратегија за борба со корупцијата пред пратениците
-

Следната недела средба за правосудниот испит
