Свет
22. October 2019 - 18:17

Норвешката полиција го уапси и вториот осомничен за инцидентот со украденото амбулантно воизло

Норвешката полиција соопшти дека е уапсена жената која ја бараа заради врска со крадецот на амбулантното возило со кое денеска во инцидент во Осло беа повредени три лица, од кои две се бебиња, јави ДПА.

– Таа е уапсена неколку часа по инцидентот – изјави на прес конференција Јохан Фредериксен од полициските сили во Осло.

Станува збор за 32-годишна Норвежанка, која ќе биде осомничена за обид за убиство.