Норвешка ја повлече од употреба вакцината на АстраЗенека
Норвешка официјално ја повлече од употреба вакцината на Астра Зенека против Ковид-19, објави ДПА.
Премиерката на државата Ерна Солберг изјави дека одлуката е донесена врз основа на препораките на експертска комисија и на Норвешкиот институт за јавно здравје (FHI), кои советуваат да се изземат од норвешката програма за имунизација вакцините на Астра Зенека и на Џонсон и Џонсон поради ризик од многу ретки, но сериозни несакани ефекти.
Владата во моментов размислува да им ја понуди вакцината на Џонсон и Џонсон на оние кои сакаат да бидат имунизирани со неа.
Норвешка прекина да ја користи вакцината на Астра Зенека на 11 март како мерка на претпазливост, откако беше пријавено згрутчување на крвта по вакцинирањето, вклучително и смртни случаи. Дотогаш, околу 138.000 луѓе беа имунизирани со таа вакцина.
Ново на Сител
-

43 заразени со западнонилска треска, вирусот првпат потврден во Центар и Чаир и кај мртов гарван во Скопје
-

Мицкоски: Абази го спаси Филипче, но предметот може повторно да биде отворен
-

Казните од Безбеден град странските државјани може да ги плаќаат електронски
-

Охридско лето – 40 дена фестивалска магија
-

Хаварисаните и нерегистрирани возила во Штип под инспекциска лупа
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците
-

Нема обвинети за модуларните болници - набавките биле законски, буџетот не бил оштетен
