Нормираниот учинок повеќе нема да биде основ за исплата на минималната плата
Нормираниот учинок повеќе нема да биде услов за исплата на минималната плата. Од Сојузот на синдикати на Македонија денеска соопштија дека Уставниот суд ги укинал членовите од законот во делот за нормираниот учинок.
Со ова, според ССМ, ќе се овозможи правна сигурност во примената на Законот за минимална плата и исплатата на минималната плата за сите работници во државата.
- Уставниот суд на Република Македонија по повод иницијативата на Сојузот на синдикатите на Македонија на седница одржана на 18 април 2018 год со Одлука У. Бр. 133/2017-1 ги укина член 2 став 1 во делот: „и исполнет нормиран учинок“ и ставовите 2, 3 и 4 и член 7-б ставови 1 и 3 од Законот за минимална плата во Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.11/2012, 30/2014, 180/2014, 81/2015, 129/2015 и 132/2017), се вели во денешното соопштение од ССМ.
ССМ поведе постапка за оценка на уставноста на одредбите од Законот за минимална плата во кој е наведено дека работодавачот е должен да му исплати на работникот најнизок месечен износ на основна плата која според законските одредби не зависи само од извршената работа во полно работно време, туку и од исполнтиот нормиран учинок, кој го утврдува работодавачот.
Несогласување со тоа минималната плата да биде условена од нормираниот учинок, ССМ искажуваше и во текот на постапката за донесување на измените на Законот за минимална плата. Освен на седница на Економско-социјалниот совет, ССМ своето несогласување го изрази и со писмен допис до МТСП и Министерството за финансии.
Ново на Сител
-
Нетанјаху: Сега имаме одлична можност да шириме мир во регионот
-
Солун и островите Скијатос, Скопелос и Алонисос се поврзаа со бродска линија
-
Орбан: Ќе има правни последици за организирање на Парадата на гордоста во Будимпешта
-
Приведен крадец од Куманово, украл мобилни телефони од продажен салон
-
Родителите и феноменот „омилено дете“
-
Истражување: Над 500 видови птици ќе исчезнат до крајот на веков
-
АПЕЛ ЗА ПОМОШ на трите сестрички од Драчево жртви на семејно насилство од нивниот татко
-
МЗШВ апелира за претпазливост: Зголемен ризик од пожари поради високите температури