Бизнис
4. March 2022 - 16:31

Нормализирана состојбата на бензинските станици, инспекторите не утврдиле прекршувања

По вчерашните гужви и колони, денеска на бензинските ситуацијата нормализирана. При вонредните контроли во градовите Скопје, Тетово, Битола, пазарните инспектори не затекнале да се точи гориво до одредена сума, нешто на што голем дел од потрошувачите се пожалиле до РКЕ.

Од пазарна и денеска продолжуваат со инспекциите. Во меѓувреме регулаторна со предупредување до сите оние трговци кои ќе се обидат да прават малверзации, дека ќе им биде одземена лиценцата за работа. Се сомневаат дека имало такви кои се обидуваат да прават профит во овие кризни времиња.

И од Владата апелираа до трговците на мало да не ја ограничуваат сумата до која може да се точи гориво, а граѓаните да не складираат резереви од безбедности причини. Уверуваат дека нема простор за паника, затоа што нафта има и резервите се во добра состојба.

Од опозицијата пак тврдат дека цената на горивата ќе оди нагоре и тоа со сериозни скокови, затоа повторно побараа да се разгледа нивното барање за намалување на акцизата за горивата за 50 проценти.

Со последната корекција, цената на горивата се зголеми за дена и полвина. Нова одлука ќе има во понеделник каква ќе биде од РКЕ велат се уште не се знае но има раст кај речиси сите параметри кои влегуваат во пресметката.