Нормализиран железничкиот сообраќај, прекинат бојкотот во МЖ Транспорт

Железничкиот сообраќај во државава од ноќеска е нормализиран откако Синдикатот на машиновозачи на Македонија го прекина бојкотот по преговорите што се одвивале синоќа со раководството на МЖ Транспорт и претставници на Министерството за транспорт.
- Имавме преговори кои вродија со плод, дел од барањата се исполнети и колегите одлучија за да не се прават дополнителни трошоци и бојкотот засега да се прекине. Сообраќајот е нормализиран ноќеска во 01.30 часот. Првиот воз замина за Кумано во 4.57, изјави за МИА Тони Димовски, претседател на Синдикатот на машиновозачи на Македонија и претставник на машински и извршен персонал во МЖ Транспорт.
Димовски најави дека ќе продолжи дијалогот со раководството.
Спорд Димовски, во тек на бојкотот, што почна вчера во 13.30 часот, биле стопирани сообраќања на пет патнички воза, два за Битола, и по еден за Куманово, Гевгелија и за Велес, додека кај товарните возови немало застои освен задоцнувањата поради активности на пругите.
До раководството на железникото претпријатие на 2 октомври биле доставени 15 барања, а откако немало исход донесена е одлука за бојкот. Дел од барањата се исплата на прекувремени часови, бонус плата за над 150 прекувремени часови, покачување на коефициентот за 0.80 поради зголемени животни трошоци, исплата на додаток од 10 отсто на платата за вонредно повикување на работа.
МИА
Ново на Сител
-

Локализиран пожарот кај Јабланица
-

Турската бања во Прилеп стана опасност за граѓаните, делови од ѕидот секој момент може да се урнат
-

Родители бараат регионални стоматолошки центри за деца со попреченост
-

Превозниците бараат поврат на дел од акцизата за дизел
-

Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура и туризам
-

Обид за намалување на цената на горивата и ублажување на енергетската криза
-

ССМ: Поскапувањето во маркетите почна, излезете на протест за повисоки плати
-

Мицкоски: Македонија системски подобро реагираше по пожарот во Кочани од Швајцарија во Кран Монтана
