Македонија
23. November 2025 - 10:27

Нормализиран сообраќајот на патот Крива Паланка - Деве Баир

Од утрово од 06:40 часот сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка – ГП Деве Баир е нормализиран, соопшти АМСМ.

Претходно, од 05:05 часот сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка - Деве Баир беше во прекин поради одрон.

АМСМ додава дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози и потсетува дека од 15 ноември почна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. 

 

МИА