Македонија
13. February 2016 - 14:37

Нормализиран сообраќајот на „Меџитлија“

Нормализиран сообраќајот на граничниот премин „Меџитлија“, кој денеска од 12 часот беше блокиран поради штрајкот на македонските таксисти и автобуски превозници, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Превозниците од Гевгелија преку блокадите го изразуваат својот протест што не се вклучени во превозот на мигрантите од ПТЦ Гевгелија до Табановце.

Градоначалникот на Гевгелија, Иван Франгов, синоќа остварил средба со претседателите на здруженијата на такси и автобуските превозници од кои кои побарал во интерес на граѓаните да се откажат барем од блокирањето на градот, по што веднаш беше деблокиран преминот „Богородица“