Нормализиран сообраќајот на магистралата кај Осички мост
Сообраќајот на магистралниот пат А2, Куманово-Крива Паланка-Граничен премин Деве Баир е нормализиран во 19 часот и 45 минути, откако по сообраќајна незгода која се случи кај Осички мост на обиколницата кај Крива Паланка околу 17 часот и 35 минути беше пренасочен.
Во сообраќајната несреќа, според податоците од МВР, повредено е едно лице, со иницијали С.В, родено 1943 година.
Повредениот се уште се наоѓа во Здравствен дом Крива Паланка, каде бил пренесен со возило на итна медицинска помош, а од МВР посочија дека не станува збор за повреди од животозагрозувачки карактер.
Во незгодата учествувале товарно моторно возило со бугарски регистарски ознаки и патничко моторно возило марка хјундаи, со кумановски регистарски таблички.
Увид на екипите на МВР е завршен.
Ново на Сител
-
Пратенички прашања во Собранието
-
Левица: Семејно насилство да се гони по службена должност
-
Владата се договори со банките
-
Синдикатите не се откажуваат од барањето за минимална плата од 450 евра
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри