Номинален раст, а реален пад во трговијата со храна, пијалаци и тутун
Во јули 2025 година во однос на истиот месец од претходната година стапката на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 7.2 %, а реално опаѓа за 0.4 %, соопшти Државниот завод за статистика.
Во трговијата на мало во јули 2025 година, во споредба со јули 2024 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 7.2 %, а реално опаѓа за 0.4 %,
Во Трговијата на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, прометот номинално опаѓа за 2.6 %, а реално за 6.6 %, во Трговијата на мало, освен трговија со горива номинално е зголемена за 2.4 %, а реално опаѓа за 3.4 % и Трговија на мало со автомобилски горива е зголемена реално за 2.2 %, а номинално опаѓа за 5.1 %.
МИА
Ново на Сител
-
Македонија на 3-то место по раст во БДП според Евростат - Во 2 квартал економијата пораснала 3,4%
-
A1 со нови услуги за клиентите го прославува 6 роденден
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за депонијата во Вардариште
-
30 дена притвор за три лица за палењето на Вардариште
-
За Кочани се уште нема кандидат за градоначалник
-
90 години Хидробиолошки завод - Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Алиу: Осум досиеја на пациенти стигнаа до интерната комисија