-->
-->
Нолито продолжува во Мадрид?!
-->

Напаѓачот на Манчестер Сити, Нолито, по само една сезона, има намера да го напушти клубот. Нолито во Премиер лигата беше стартер на само девет натпревари, а вкупно одигра 19 натпревари во првенството.
Нолито, кој во Манчестер Сити пристигна на почетокот на минатата сезона од Селта, како големо засилување, по само една сезона сака да се врати во Шпанија, незадоволен од статусот кој го имаше кај Пеп Гвардиола.
„Со нетрпение чекам да се вратам во Шпанија. Сити во моментов преговара со други фудбалери, па ќе видиме дали ќе ми дозволат да си заминам. Се надевам дека ќе добијам дозвола да го напуштам клубот. Дали тоа ќе биде трансфер или клубот ќе ме испрати некаде на позјамица не е важно. Знам дека за мене се интересираат Атлетико и Селта“, рекол Нолито.
„До декември игра и бев среќен, но во последните четири месеци речиси и да не играв. Зошто не бев во тимот тоа е прашање за Гвардиола. Оваа година сакам што побргу да ја заборавам“, заклучил шпанскиот репрезентативец.
Инаку, Манчестер Сити веќе го реализираше првиот летен трансфер. За сума од околу 68 милиони евра од Монако клубот го купи Португалецот, Бернардо Силва.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Негативен природниот прираст во 66 општини во првиот квартал
-

Зголемен прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун во април, намален кај горивата
-

Британски лекари: Социјалните мрежи се исто толку штетни за децата како и пушењето
-

Папата Лав Четиринаесетти ја осуди ескалацијата на војната во Украина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче би поддржал уставни измени со внесување на Бугарите
-

Утре нестабилно со дожд, грмежи и ветер
-

СДСМ: Уште 4 дена до неисполнување на ветувањето на Христијан Мицкоски
-

Апел за помош: Исчезната е Лидија од Скопје, последен пат видена во Црниче
