Ноќно скијање на патеките кај битолско Нижо Поле
Скијачкиот центар „Нижо Поле“ што се наоѓа над истоименото потпелистерско село викендов овозможи ноќно скијање на патеките што се наоѓаат на 1585 метри надморска височина.
Од ЈП „Стрежево“-Битола, кои стопанисуваат со скијачките патеки информираат дека љубителите на зимските спортови се повеќе се заинтересирани за атрактивно скијање и затоа се одлучуваат за ноќно скијање.
- Амбиенталното осветлување на патеката за скијање се врши од неколку платформи на кои се поставени 45 канделабри и дополнителни 20 канделабри кои ја осветлуваат ски патеката по нејзината должина. Битолчани, но и гости од државата и странство викендов уживаа скијајќи дење, но радува податокот што имаше и љубители на атрактивно ноќно скијање исполнето со многу адреналин и задоволство, посочуваат од скијачкиот центар „Нижо Поле“.
Скијачкиот центар „Нижо Поле“ освен со два ски лифтови, располага со детски парк, чајџилница, 48 клупи и други зимски рекреативни реквизити.
Ново на Сител
-

Протест за чист воздух во Струмица
-

Дрвокрадци го пустошат дрвниот фонд на Македонија
-

Селекција на отпад
-

Преглед на вестите од светот
-

Колапс на македонската економија ако не се одложи ЕЕС системот за превозниците
-

Тема на денот со Ели Панова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ
-

Власта обезбеди 2/3 мнозинство за Сејф сити и омбудсманот без СДСМ и ДУИ
-

СДСМ бара враќање на членот 353 од кривичниот законик кои сами го укинаа, за ВМРО-ДПМНЕ ова е лицемерно
