Ноќна планинарска тура на Љуботен
Група од деветмина планинари во организација на членови на планинарскиот клуб „Јелак“ од Тетово изведе ноќно искачување врвот Љуботен со 2.498 метри надморска височина.
Иако овој врв не е највисокиот на Шар Планина, тој е еден од најмаркантните и по патеката за искачување и по погледот што се пружа од него во круг од 360 степени. Самото искачување беше поделено во две фази првата од Старо село до планинарскиот дом Љуботен што траеше околу два и пол часа и по неколкучасовен одмор во домот групата од девет планинари околу еден часот по полноќ се упати кон врвот.
Опремени покрај со стандардната планинарска опрема и со челни и рачни ламби, тие без поголеми проблеми по нешто над три часа пристигнаа на Љуботен по добро маркираната патека и за летни и за зимски услови. Планинарите тука го дочекаа и неделното изгрејсонце.
- Се качивме на висина од скоро 2.500 метри односно 2.498. Чекавме да изгрее сонцето и го дочекавме, изјави водичот на групата Владимир Трпковски од ПК „Јелак“.
Тетовскиот планинар Томислав Мишковски, вели дека бил повеќепати и на Љуботен, но ова му беше првпат навечер и претставува голема авантура за него и покрај студеното време. - Но вреди за ова изгрејсонце, посочи Мишковски.
За дел од учесниците ова беше двојно задоволство бидејќи за првпат се искачија на Љуботен и тоа во ноќните часови.
- Првпат сум на Љуботен, првпат на ноќно планинарење, видов и две ѕвезди паѓалки и многу добра група, се е супер овде, рече Жули Шамберлен од ПК „Јелак“.
Игор Ристовски од Тетово исто така беше првпат на Љуботен.
- Одлично место за фотографирање на утринското изгрејсонце. Интересна тура во ноќно време. Патувавме околу шест часа од Старо село до домот и од домот нагоре. Фасцинантен поглед кон полошката котлина, кон Скопје и со Косово отпозади. Секаде на врвот 360 степени е префектен поглед, изјави Игор Ристовски од Тетово.
Ново на Сител
-
Британски борбен авион Ф-35 изврши принудно слетување во Јапонија
-
Армијата и Министерството за одбрана им оддадe почит на загинатите припадници кај Љуботенски бачила
-
Приведени четири возачи за возење под дејство на алкохол
-
Нешто помалку од 1.600 хектари изгореле во пожарот во близина на Атина
-
Мицкоски: Почит и слава за хероите од Љуботен
-
На 12 и 14 август полагање на екстерните испити од државната матура во августовската сесија
-
Експресни победи на Синер и Швјонтек на Мастерс турнирот во Синсинати
-
Пораз од Романија за македонските кадетки на ЕП во Црна Гора