-->
-->
Нојхрист победник на турнирот Ф1 Скопје
-->

Австриецот Максимилијан Нојхрист (втор носител) е победник на првиот фјучрс тениски турнир што се одржа во Скопје. Тој денеска во финалето го победи Хрватот Нино Сердарушиќ (трет носител) со 2-0 во сетови за два часа игра со 6:3 и 7:5 во гемови.
За Нојхрист ова е прв триумф на фјучрс турнир оваа година, а вкупно деветтта турнирска победа. Тој заедно со сонародниот Давид Пихлер го освои и турнирот во конкуренција на двојки во Скопје.
Нојхрист вчера во полуфиналето беше подобар и од македонскиот тенисер Томислав Јотовски. Инкау, двајцата финалисти и Јотовски, како и другите носители од првиот фјучрс ќе настапат и на вториот што почнува во вторник, а во тек се квалификациите за овој турнир.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-

ДИК бележи намалена излезност
-

Повторени избори во 4 општини
-

Излезноста до 18:30 e 28.07%
-

Повторени избори во 4 општини
-

ДИК бележи намалена излезност
-

МВР нема регистрирано инциденти
-

100 евра казна на лице место ако ве фатат со цигара каде е забрането
