Ноември - месец на науката
Во ТЦ „Скопје Сити мол“ денеска и утре како и во останатите викенди во ноември (11-ти и 12-ти, и 18-ти, 19-ти и 20-ти) ќе се одржува манифестацијата „Ноември - месец на науката“ која ќе опфати натпревари, експерименти, работилници, предавања и изложби за сите генерации.
Настанот првпат заедно ќе го организираат Друштвото на физичарите на Република Македонија, Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, Друштвото на биолози на Република Македонија, Македонското астрономско друштво, Македонското географско друштво, Скопското астрономско друштво, Природно-математичкиот факултет и „Скопје сити мол“.
Во рамки на настанот ќе се одржи и 41. школа „Млади физичари“ на која учениците ќе се натпреваруваат во изработки, демонстрации и експерименти.
- Ќе бидат организирани креативни детски работилници каде најмалите ќе може на сосема поинаков начин да се запознаат со природните закони на науката. Како дел од месецот на науката ќе можат да се проследат и предавања на разни теми од сите научни области од научници од Македонија како и од гостите од странство. Покрај овие активности, низ „Скопје Сити мол“ ќе има и разни поставки на кои ќе бидат презентирани технички помагала и апарати, како и материјалите за работа на овие научни институции, соопшти организаторот.
Настанот ќе изобилува со многу активности, а изложбите и натпреварите во изработки, демонстрации, експерименти, симулации и модели се од отворен тип и може да ги посети секој што е заинтересиран. Програмата на „Ноември - месец на науката“ е објавена на www.skopjecitymall.mk/nauka
Ново на Сител
-
Салах е прогласен за играч на сезоната во Премиер лигата по рекорден трет пат
-
Приведени три лица од Штип, при претрес на нивниот дом пронајдени се пушки и муниција | ФОТО
-
Летови Скопје-Франкфурт со „Луфтханза“ и во зимската сезона
-
Во регистарот на ДКСК евидентирани 1916 возила согласно роковникот на за локалните избори
-
„Дружба“ повторно активен: Унгарија ја обнови испораката на нафта
-
Арсенал суспендираше 17 свои навивачи
-
На ГП „Табановце” и на „Богородица“ се чека до 30 минути
-
Во сабота почнува дваесетдневниот увид во Избирачкиот список за локалните избори