
Во населено место Бучинци, денеска беше предадена во употреба реконструираната и асфалтирана улица „4“, проект во висина од 1,7 милиони денари реализиран со средства обезбедени од Буџетот на Општина Илинден.
Улицата со вкупна должина од 300 метри ја предадоа во употреба градоначалникот на Општината, Жика Стојановски и претседателот на Советот, Марјан Милошевски.