MENI

Авион на „Туркиш ерлајнс“ принудно слета во Њу Делхи

Авион на турскиот национален авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ денеска принудно слета во Њу Делхи откако доби закана дека во леталото е поставена бомба, изјави претставник на индиските безбедносни служби.

Во тоалетот на авионот била пронајдена белешка дека во патничкиот авион „Ербас А 330“, кој летал од Истанбул за Бангкок, е поставена бомба. 

Pages