Порастот на вработени лица во земјава ја зголеми вредноста на средствата во задолжителните пензиски фондови. Лани во вториот столб биле уплатени околу 4,5 милијарди денари, односно износот пораснал за 23 отсто во однос на 2013та. Расте и довербата на граѓаните во доброволните фондови, лани во нив инвестирале околу 8 милиони евра.
Од вториот пензиски столб најмногу било инвестирано во државни хартии од вредност, депозити и акции како и инвестиции во странство, од кои мал дел се во акции а остатокот во удели на инвестициски фондови.