Политичкиот договор ќе донесе нови придвижувања во економијата, и ќе даде позитивен сигнал и на странските инвеститори и на домашните производители. Странците кои се заинтересирани да инвестираат во земјава и подолго време ја очекуваат политичката разврска ќе бидат охрабрени за нови вложувања, додека пак домашните производители ќе бидат поодлучни да одат во нови производствени успеси, сметаат економските експерти.
Дел од бизнис заедницата пак смета дека спроведувањето на договореното ќе потрае подолг период, поради што нема да има ефекти врз бизнисот.