Бизнис
15. July 2015 - 20:37

Експерти: Договорот од синоќа ќе ја раздвижат економија

Политичкиот договор ќе донесе нови придвижувања  во економијата, и ќе даде позитивен сигнал и на странските инвеститори и на домашните производители. Странците кои се заинтересирани да инвестираат во земјава и  подолго време ја очекуваат политичката разврска ќе бидат охрабрени за нови вложувања,  додека пак домашните производители ќе бидат поодлучни да одат во нови производствени успеси,  сметаат економските експерти.

Дел од бизнис заедницата пак смета дека спроведувањето на договореното ќе потрае подолг период, поради што нема да има ефекти врз бизнисот.

Изминатиот период бизнисмените бараа итно разрешување на кризата, и предупредија дека политичката нестабилност може да ги замрзне економските очекувања за повисок економски раст и зголемена потрошувачка, како  и да го наруши позитивниот имиџ што земјава го има изградено кај странските инвеститори.