Во пресметлива состојба Тони Станоев го сторил трикратното убиство. Според сведочењето на невропсихијатарот, кај Станоев не е забележано психичко растројство. На денешното судење, искази дадоа и вештаците од судска медицина и МВР. Утврдиле дека Станоев пукал од мало растојание кон родителите и сестрата на сопругата. Ја исклучија можноста пиштолот црвена застава сам да испука. Токму ова беше неприфатливо за одбраната на Станоев.
Според одбраната на оштетеното семејство, освен доказите и денешните искази на вештаците ја откриваат вината на Станоев.