
Премиера на филмот „Жени“, албанско-американска копродукција, ќе се одржи вечер во киното Милениум, во рамки на Кафе киното, како дел од програмата на Скопско лето 2015.
Станува збор за комедија во режија на Рудина Војвода, по сценарио на Кољорето Чукали. Главните улоги ги толкуваат Ермал Мамачи, Енџи Чуку и Замира Кита.