ОН: Најмалку 64 цивили убиени во Украина
Најмалку 64 цивили се убиени, а повеќе од 160.000 се во движење откако руските трупи влегоа во Украина оваа недела, соопшти агенцијата за помош на ОН.
„Од 17:00 часот на 26 февруари, (Канцеларијата за човекови права на ОН) ОХЦХР известува за најмалку 240 цивилни жртви, вклучително и најмалку 64 загинати“, се вели во статусниот извештај на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (U.N. Office for the Coordination of Humanitarian Affairs – OCHA).
Се додава дека вистинските бројки веројатно ќе бидат „значително повисоки“.
Оштетувања на цивилната инфраструктура оставија стотици илјади луѓе без струја и вода. Стотици домови беа оштетени или уништени, додека мостови и патишта погодени од гранатирање оставија некои заедници отсечени од пазарите, се вели во извештајот.
Спореед УНХЦР повеќе од 160.000 луѓе се внатрешно раселени, а повеќе од 116.000 биле принудени да избегаат во соседните земји.
Ново на Сител
-
Предвремено родените бебиња се мали херои за вработените на Гинекологија!
-
Раната детекција клучна за карциномот
-
Петровска: Немам амбиција да сум дел од раководството на СДСМ
-
Што ги тера возачите да дивеат на улиците?
-
Наколната населба во Дојран една од најбогатите и најразвиени на Балканот
-
Пожарите пустошија големи површини шума - никој не е казнет
-
Дигитална трансформација на водните услуги во ЈКП-ЈА
-
Преглед на вестите од светот