Свет
9. October 2017 - 14:12

Нобелоцот по економија вели дека парите ќе ги потроши „ирационално"

Американскиот економист Ричард Талер (72), кој денеска ја доби Нобеловата награда во областа на економијата, изјави дека планира да ги потроши добиените 1,1 милиони долари „што е можно поирационално". 

Изјавата на Талер е извртување на неговата економска теорија, која се занимава со истражување на психолошката заднина на носењето на економските одлуки, односно на мисловниот процес преку кој потрошувачите носат одлуки како најрационално да ги потрошат своите пари.

Во образложението на доделувањето на наградата, член на Шведската академија на науките и уметностите кажа дека Талер помогнал економијата да стане похумана, и дека го отворил полето на бихејвиористичка економија.

- Независно дали било кога ја проучувале економијата, мнозинството луѓе се барем индиректно посветени на идејата дека ние сме хомо економикус - економски човек - и дека секој од нас размислува и ги носи своите економски одлуки прецизно и без грешка, пишуваат Талер и Санстин во нивната книга.

Врз основа на оваа книга, Талер и Санстин ја разработиле идејата на таканаречениот „либертаријански патернализам“ која подразбира дека е законски дозволено, па дури и полезно, за приватни и државни компании да вршат поттик врз граѓаните и потрошувачите да се однесуваат на начин на кој сметаат дека е добар и полезен, но без притоа да го ограничат правото на граѓаните да прават избор. Oваа идеја е применета од голем број компании кои сакаат да ги насочат своите потрошувачи да се однесуваат на саканиот начин.

Банални примени на оваа теорија подразбираат да се даде избор на корисниците на такси компаниите сами да решат колкав бакшиш ќе му остават на возачот, при што возачите кои ја примениле оваа идеја забележале дека добиваат повеќе пари на крајот на денот отколку порано, кога барале фиксен износ.

Самиот Талер вели дека неговиот омилен пример на примената на поттикнувањето на граѓаните е идејата на аеродромот во Амстердам да нацрта муви на писоарите во машкиот тоалет. По овој чекор, чистачките во аеродромот забележале дека тоалетите се многу почисти и дека посетителите, сконцентрирани да ја погодат мувата во писоарот, поретко правеле лом околу писоарот, со што се заштедиле трошоците за чистење.

Талер имаше настап и во филмот „Големото Кастрење“, каде беше повикан заедно со пејачката Селена Гомез сликовито да објаснаат како пирамидалното носење одлуки на американскиот пазар на недвижности доведе до економскиот крах од 2008 година.