-->
-->
НЛО „уловен“ во пренос во живо - НАСА не случајно го прекина преносот
-->

Неидентификуван летечки објект пролета крај Меѓународната вселенска станица за време на директен пренос од Вселената, кој НАСА веднаш го прекина, со што дополнително беа разгорени страстите на голем број поддржувачи на теориите на заговор, кои се уверени дека светот токму сега имал можност да види уште еден доказ за постоење на вонземски живот.
На видеото, кое е објавено на Јутјуб, во времетраење од околу пет секунди на средина на екранот може да се види мала точка во брзо движење.
Љубителите на теориите на заговор се сигурно дека НАСА не случајно го прекинала преносот токму во моментот кога „точката“ се приближувала до Меѓународната вселенска станица.
НАСА прекинувањето на преносот во живо го објасни со технички проблеми, кои се случуваат често поради губење на сигналот, однсоно врска со сателитот и ги замоли гледачите за трпение.
Извор од НАСА изјави дека преносот во целост е автоматизиран и без човечка интервенција, што би значело дека е чиста случајност тоа што сигналот исчезнал токму во текот на поминувањето на непознатиот објект крај Станциата.
Оние кои внимателно ги следат настаните во Вселената, укажуваат дека ова не е првпат Меѓународната вселенска станица да има необични „гости на минување“. Сличен необичен објект веќе е виден минатиот месец во близина на Станицата, а НАСА тогаш објасни дека во прашање е рефлексија на светлата која е вообичена на снимките.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тешко повреден 16-годишник на мопед откако автомобил удрил во него
-
21-годишник од Неготино криумчарел пет мигранти
-
Мицкоски: Првпат на месечно ниво имаме базична инфлација во негатива
-
„Нeшто што ќе остане“ на 13 септември во Паркот на франкофонијата
-
Депонијата Дрисла се уште гори, густ чад се шири во пошироката околина
-
Жена од кавадаречко предизвикала пожар на отворено палејќи стари предмети
-
Турчин тешко повреден додека работел во фабрика во неготинско
-
Нестабилно време со повремен дожд и грмежи до крајот на неделава