-->
-->
Њујоршката полиција уби вооружен маж во инцидент за време на божиќен концерт
-->
Полицијата уби маж кој пукаше од огнено оружје во близина на граѓани собрани на божиќен концерт на отворено пред црква во Њујорк.
Њујоршката полиција соопшти дека напаѓачот отворил оган пред црква во Харлем додека хор настапувал на скалите, пренесува Њујорк пост.
Тој пукал и кон полицијата, но никого не повредил.
– Тројца полицајци испукале кон вооружениот маж вкупно 15 куршуми. Бил ранет најмалку еднаш во главата и починал во болница од повредите, изјави началникот на Њујоршката полиција.
Пукањето се случи за време на закажаната бесплатна Божиќна претстава на скалите на историската црква, што ја одржа хорот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Осум повредени на протестите во Тирана, запалена општината и вратата на Министерството за животна средина
-

На протестите во Франција уапсени 135 луѓе, не се регистрирани сериозни инциденти
-

Мицкоски од Брвеница: Довербата се гради со одговорна работа и конкретни проекти
-

Ноќеска часовниците ги враќаме еден час назад - почнува зимското сметање на времето
-

Кривична пријава против две лица поради нелегален транспорт на дрва
-

Во гостиварско приведени четири лица откако биле затекнати како вршат нелегален ископ за пронаоѓање злато
-

Приведени повеќе лица за нарушување јавен рeд и мир со меѓусебна физичка пресметка, употребиле стаклен предмет
-

19-годишниот Македонец кај кого биле пронајдени фалсификувани 98.500 евра останува во притвор во Бугарија
