„Њујорк Тајмс“: Во Ирак заробен експерт на ИД за хемиско оружје
Еден „експерт“ за хемиско оружје на џихадистичката група Исламска држава (ИД) е заробен од страна на американски специјалци во Ирак и е задржан на испитување, објави весникот „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на дипломатски извори.
Весникот тврди дека станува збор за Слејман Дауд ал Афари, поранешен експерт за хемиско и биолошко оружје на режимот на ирачкиот претседател Садам Хусеин.
Претставник на американскиот Пентагон одби да го потврди пишувањето на њујоршкиот весник, но рече дека американските специјални сили ги интензивирале операциите против ИД на ирачка територија.
„Њујорк Тајмс“ сепак, тврди дека Ал Афари при испитувањето веќе објаснил како џихадистите полнат гранати со боевиот гас иперит.
Ако оваа информација се потврди како точна, таа ќе претставува прва потврда за употреба на хемиско оружје во Ирак по соборувањето на Садам Хусеин од власт во март 2003 година.
За заробениот експерт се знае дека работел во некогашната ирачка воена индустрија во секторот за производство на хемиско оружје, што силите на Хусеин го употребиле во 80-те години на 20-от век врз курдското село Халабџа, убивајќи околу пет илјади негови жители, главно стари луѓе, жени и деца.
Според „Њујорк Тајмс“, Афари бил заробен во Ирбил, силно упориште на ирачките Курди.
Минатиот месец, Организацијата за заштита од хемиското оружје објави дека џихадистите на ИД употребиле сулфурен боен отров во Ирак против силите на Курдите.
ИД е фундаменталистичка и милитантна група на сунитските муслимани вахабисти, позната по својата бруталност врз немуслиманите, како и врз шиитите, курдите и другите муслимански заедници против кои војуваат.
Ново на Сител
-
Каја Калас во Белград, Вучиќ: Србија останува доверлив партнер на сите кои се стремат кон соработка
-
Земјотрес со јачина од 6,1 степени го погоди грчкиот остров Крит
-
Променливо облачно и топло, попладне можен пороен дожд
-
Трамп ги обвини советниците на Бајден за „велепредавство“
-
Трајко Славески кандидат за гувернер на Народната банка
-
Одбраната на Палевски и Видевски тврди дека ОЈО е контрадикторно во врска со изведените докази
-
ФФМ донесе одлука: Бројот на клубови во ПМФЛ се намалува од 12 на 10
-
Лавров: Русија нема да дозволи да биде измамена со примирје