„Њујорк Тајмс“: САД планираат да го засилат притисокот врз ИД
Меѓународната антитерористичка коалиција преводена од САД, се подготвува да започне обемна офанзива во североисточна Сирија, со што би извршила директен притисок врз Рака, кој важи за „главен град на Исламскиот Калифат“, што го прогласи џихадистичката група Исламска држава (ИД), објави „Њујорк Тајмс“.
Повикувајќи се на воени и владини извори во Вашингтон, весникот тврди дека американскиот претседтаел Барак Обама минатата недела одобрил два важни чекора за подготовка на офанзивата во следните неколку недели.
Обама првпат му наредил на Пентагон дирекно да им достави муниција, а можеби и оружје, на умерените опозициски групи, кои се активни во Сирија, тврди весникот, додавајќи дека Белата куќа ја поддржала и идејата за заслување на воздушните напади врз ИД со авиони од базата „Инџирлик“ во Турција.
Според планот на Пентагон, во офанзивата против ИД би се вклучиле над 20.000 курдски борци и три до пет илјади припадници на сириските опозициски групи, кои би добиле воздушна поддршка од десетици авиони на меѓународната коалиција.
Планот предвидува и борците на сириската опозиција да преземат контрола врз стратегиски важниот дел на сириската граница кон Турција, долг околку 95 километри, со што би се пресекол главниот канал за снадување на ИД, наведува „Њујорк Тајмс“, додавајќи дека оваа офанзива би се водела далеку од реоните во кои руските сили изведуваат воздушни напади.
- Новиот северен фронт ќе има дирекна цел да ја ослаби ИД на нејзин терен, во момент кога џихадистите контролираат големи територии, вклучитечно и Мосул и Рамади во Ирак и Палмира во Сирија, оценува „Њујорк Тајмс“. сп/08:57
Ново на Сител
-
Земјотрес во околината на Охрид
-
Политичкиот успех на Трамп зависи од одржувањето на мирот меѓу Израел и Иран
-
Си-Ен-Ен: Aмериканските напади не ги уништија иранските нуклеарни постројки, покажува првичната разузнавачка проценка
-
Македонска делегација предводена од Сиљановска-Давкова на Самитот на НАТО во Хаг
-
Трамп: Си-Ен-Ен и Њујорк Тајмс го валкаат еден од најуспешните напади во историјата
-
Денеска пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мицкоски, Меџити и Алиу ќе ја посетат Универзитетската клиника за детски болести во Скопје
-
Студентите во блокада со ултиматум до српската Влада: Бараат исполнување на две барања до сабота навечер