„Њујорк тајмс“: Компаниите на Трамп имаат долгови од најмалку 650 милиони долари
Компаниите на Доналд Трамп имаат направено долгови од најмалку 650 милиони долари, што е двапати повеќе од тоа што во текот на својата кампања го пријави републиканскиот кандидат за американски претседател, информира весникот „Њујорк тајмс“.
Дневниот весник ангажирал специјализирана компанија за добивање информации за недвижен имот, за да собере податоци за имотот на милијардерот, а посебно за зградите со канцеларии и игралиштата за голф.
Истрагата на „Њујорк тајмс“ покажала дека освен долгови од 650 милиони долари, значителен дел од финансиската состојба на Трамп е врзана со три партнерства, кои на повеќе кредитори им должат вкупно две милијарди долари.
Меѓу кредиторите на империјата на Трамп е „Банк оф Чајна“, една од најголемите државни банки во Кина (земја која милијардерот редовно ја претставува како трговски партнер што треба да се потчини), како и „Голдман Сакс“, познатата инвестициска банка, која Трамп ја обвинува дека и помага на неговата соперничка Хилари Клинтон.
Магнатот сака да го истакнува својот успех во бизнисот, претставувајќи го како гаранција за неговата способност да управува со САД. Тој, меѓутоа, одбива јавно да ги каже своите приходи, како и да дозволи независна ревизија на состојбата на неговиот бизнис, забележуваат француските медиуми.
„Њујорк тајмс“ пишува дека во својата предизборна кампања Трамп се обидуваше да ја наметне претставата за себе како бизнисмен кој со свој труд ги стекнал милијардите и дека никому ништо не должи.
Ново на Сител
-
Се уште активен пожарот на Скопска Црна Гора, сомнежите се дека е подметнат
-
Оспореното упатство на ДИК за независните кандидатури пред Уставен
-
Во понеделник пресуда за онкологот Мери Пешевска која призна вина за несовесно лекување пациенти
-
СДСМ бара оставка од министерката за образование поради недостатокот на учебници
-
Ноќеска тишина го обви Штип - „Ѕвездено небо“ за загинатите во Кочани
-
Збогум Буково - Приоритет заштита на животната средина
-
Преглед на вестите од светот
-
Зошто се скапи земјоделските производи? Кој заработува на грбот на земјоделецот?