Њујорк тајмс: Израел открил руски хакери дека го злоуптребуваат „Касперски“ за крадење информации од компјутери
Израелското разузнавање открило дека руски владини хакери го искористиле антивирусниот софтвер на руската компанија Касперски за да пребаруваат компјутери во светот каде има кодни имиња на американски програми за шпионажа, објави Њујорк Тајмс.
Разузнавачите на Израел упаднале во мрежата на Лабораторија Касперски и ги известиле САД за акциите на руските хакери кои ја користеле анти-вирус програмата инсталирана кај околу 400 милиони компјутери во светот вклучително и американски владини агенции.
Сигналот од израелските разузнавачи кои ги шпионирале руските хакери довел до одлуката на САД од минатиот месец да биде избршан софтверот Касперски од владини компјутери.
Руските хакери украле класифицирани документи од вработен во НСА на САД кои ги чувал во домашен компјутер на кој имало инсталиран антивирус програма Касперски, наведува весникот. Самиот начин на функционирање на програмата за заштита од вируси им дала поттик на руските хакери за да добијат податоци кои им биле од интерес, заклучува Њујорк тајмс.