-->
-->
Њујорк на 21. август ќе слави победа над Ковид-19 со концерт за 60.000 луѓе
-->
Властите во американскиот град Њујорк планираат да поканат 60.000 луѓе на концерт во Централ парк на 21 август заедно да ја прослават победата над Ковид-19, објави Њујорк тајмс.
Според изданието, веќе е избран продуцент – 89-годишниот Клајв Дејвис, кој работел со Џенис Џоплин, Брус Спрингстин и Витни Хјустон.
Работниот наслов на културната манифестација е „Официјално враќање на Њујорк во Централ парк“.
Градоначалникот Бил де Блазио рече дека концертот ќе биде дел од еднонеделниот настан со кој се слави победата над коронавирусот. Целата недела ќе помине на досега невиден начин во Њујорк, вети Де Блазио.
Претходно, градоначалникот рече дека од 1 јули жителите на Њујорк ќе можат да се вратат во нормален живот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Крушево ја започна празничната бајка која што ќе трае од викендов па се до Бадник
-

Преглед на вестите од светот
-

Партиски конгрес на ДУИ - Ахмети реизбран за претседател
-

Родителите на починатите во „Пулс“ бараат проширување на истрагата
-

Тема на денот со Тамара Котеска, режисерка на „Приказната за Силјан“
-

Пиротехниката не е забава, СВР Струмица и Црвениот крст апелираат за безбедни празници
-

Конгрес на ДУИ
-

Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство
