Њу Делхи е најзагадениот град во светот, густата магла ги одложува летовите и поаѓањата на возовите

Швајцарската веб-страница IQAir денеска го рангираше Њу Делхи за најзагаден град во светот, со индекс на квалитет на воздухот од 495, рангирајќи го како „многу опасен“.
Густата магла и студеното време го одложија денеска полетувањето на авионите и тргнувањето на возовите во неколку делови на северна Индија, вклучувајќи го и главниот град Њу Делхи.
Индиската метеоролошка служба издаде портокалова тревога за Њу Делхи, второто највисоко ниво на тревога, предвидувајќи густа до многу густа магла во многу области, пренесуваат британските медиуми.
Видливоста на главниот аеродром во Њу Делхи беше помеѓу нула и 100 метри, соопшти метеоролошката служба, а повеќе од 40 тргнувања на возови низ северна Индија беа одложени поради маглата, објавија локалните медиуми.
Одложен и се некои полетувања од Њу Делхи, каде што секој ден има по околу 1,400 летови, соопштија аеродромските власти на платформата X.
Главниот град на Индија од почетокот на зимата се бори со лошиот квалитет на воздухот и смогот.
Ново на Сител
-

Судски совет: Недостиг на судии и заостанати предмети во судовите ширум земјава
-

Општина Аеродром ќе го исчисти просторот кај поранешен „Мекдоналд“ и ќе им прати фактура на сопствениците
-

Обвинителство: Одговорните за пожарот во „Пулс“ знаеле за ризиците, но избрале молк и профит, ќе докажеме дека никој не се обидел да ја спречи трагедијата
-

Најмалку 16 загинати и повеќе повредени во руски напад врз Тернопил, Украина
-

Во петок и во деновите од викендот се очекуваат пообилни врнежи од дожд
-

Извлечени две лица што со автомобил заглавиле во надојдената вода на Пчиња
-

Во сообраќајка на патот Валандово-Дојран загина мигрантка од Кина, седуммина се повредени
-

Изгоре балканската дискотека „Вилиџ“ во Виена - нема повредени | ВИДЕО
