Низа западни земји не ја следат политиката на Лондон
- Нов Зеланд уверува дека сакал да се придружи кон координираната акција на западните земји во врска со „Случајот Скрипал“ и да протера руски шпиун, но не открила таков во земјата.
- Спроведовме проверки во Нов Зеланд. Немаме непотврдени официјални претставници на руската разузнавачка служба. Ако имавме, ќе ги протеравме, изјави премиерката Џасинда Арднер.
Таа изрази принципиелна поддршка за Велика Британија и додаде дека нејзината Влада ќе продолжи да размислува за мерки кои може да ги преземе за да ја поддржи меѓународната заедница.
Словенија не е меѓу земјите кои ќе протераат руски дипломати. Словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец изјави дека официјална Љубљана не донела одлука за протерување на руски дипломат и оти тоа нема да го направи се додека не се докаже што всушност се случило при инцидентот во Солсбери.
- Се уште е прерано за одговор како Словенија ќе постапи во врска со овој случај. Ние се придржуваме на ставот прифатен на неодамнешниот состанок на Европскиот совет дека е потребно да се утврди што точно се случило, изјави Ерјавец.
Бугарското Министерство за надворешни работи соопшти дека земјата не планира да протерува руски дипломати откако тоа го сторија поголемиот дел од европските земји.
Ниту Белгија засега не презема никакви „мерки за солидарност“ со Велика Британија, јави радио „Премиер“. За таквиот став се уште нема потврда од белгиското Министерство за надворешни работи.
Мерката, засега, нема да ја поддржи ниту Австрија, која соопшти дека сака да го одржи „дијалогот со Москва отворен“.
Црна Гора се уште не го соопшти ставот дали ќе се придружи на акцијата, но засега нема таква најава.
Словачка остро го осуди настанот и го повика на разговор рускиот амбасадор во Братислава, но засега нема да протерува руски дипломати.
Кипар, исто така, информираше дека нема да се придружи на координираната акција на западните земји.
Во групата земји кои нема да протераат руски дипломати се и Грција и Португалија.
Во координираната акција на западните земји досега е најавено дека САД протеруваат 60 дипломати, Франција четворица, Германија четворица, Полска четворица, Чешка тројца, Литванија тројца, Данска двајца, Холандија двајца, Италија двајца, Шпанија двајца, Естонија еден, Хрватска еден, Финска еден, Унгарија еден, Летонија еден, Романија еден, Шведска еден, Украина 13, Канада четворица плус тројца на кои ќе им бидат одбиени апликациите од Русија, Албанија двајца, Австралија двајца, Норвешка еден и Македонија еден. с
Ново на Сител
-

Едно лице почина, две тешко повредени во три сообраќајни несреќи
-

Родители на убиениот медицински техничар во Минеаполис тврдат дека администрацијата на Трамп „одвратно лаже“
-

Анкета: Повеќе од 60 отсто од Германците го доживуваат Трамп како закана за Германија
-

Орбан му порача на Зеленски: Унгарија нема да дозволи да биде заплашена
-

Под влијание на циклонска активност, од вечер врнежи од дожд, наместа и над 30 литри на квадратен метар
-

Тошковски: „Безбеден град“ го развиваме со единствена цел - зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на незгодите
-

Од денеска се ограничува слободата на движење на руските дипломати во Европската Унија
-

Ноем: Човекот кој беше застрелан во Минесота бил вклучен во насилни немири
