-->
-->
„Низ улиците на Скопје“ за Ивановски и Попарсова
-->
По повод 13.Ноември, денот на ослободување на град Скопје, со учество на повеќе од 600 натпреварувачи, се одржа традиционалната ноќна атлетска трка „Низ улиците на Скопје“.
Организатор на трката беше Атлетската федерација на Македонија, покровител е Град Скопје, а градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски го означи стартот на седмата по ред ноќна атлетска трка.
Натпреварот, кој е вметнат во Календарот на АФМ, ЕАА, се организираше во 4 категории, машка и женска трка за средношколци на 1.200 метри, и главна трка за сениори во машка конкуренција (6000 метри) и во женска конкуренција (4.800 метри).
На трката се постигнаа следните резултати:
Машка категорија (6.000 метри)
1. Дарио Ивановски
2. Кристијан Стошиќ (Србија)
3. Милош Ранчиќ
Женска категорија (4.800 метри)
1. Андријана Попарсова
2. Весна Ќиранциева
3. Марго Бојаџиева
Средношколци (1.200 метри)
Машка Катеогирја
1. Иван Тимчевски
2. Павле Јовановски
3. Павел Јаневски
Женска категорија
1. Емона Кадриу
2. Ирина Хајдари
3. Јана Митовска
Град Скопје оваа манифестација ја финансира со 120.000 денари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вулкан на Камчатка еруптира за прв пат по 600 години
-
Германски градови планираат да примат деца од Газа и Израел
-
Јубилеј на младите: Повеќе од еден милион луѓе на миса во Рим
-
Албанија: Од 2021 година странците купиле имот во вредност од 1,3 милијарди евра
-
Австралија доживеа најголеми снежни врнежи во последните децении
-
ДЗС: Во земјава нема активни пожари
-
Кина и Русија започнаа заеднички поморски вежби во Јапонското Море
-
Се очекува во Појасот Газа да влезат два камиона со вкупно 107 тони дизел