-->
-->
Низ Македонија ќе транзитира природен гас за развој на инфраструктурата во Западен Балкан
-->

Како што соопшти денеска владината прес-служба, согласно мерките за градење доверба помеѓу Република Македонија и Република Грција, и интензивирањето на билатералната соработка иницирана од премиерите на двете земји, експертите се согласиле дека Проектот е добро решение за Македонија и Грција и отвора можности за продлабочување на соработката во енергетиката, но и поттикнување на регионалната енергетска соработка на Балканот, во согласност со државните енергетски политики на двете земји и заедничката енергетска политика на Европската унија. Така, создадените услови за соработка на политичко ниво иницираа започнување на активностите за реализација на проектот на техничко ниво.
Со овој проект ќе се изградат околу 120 километри гасоводна мрежа, (околу шеесет километри на македонска и шеесет километри на грчка страна), а Македонија почнува иницијатива за развој на нови гасни коридори во Југоисточна Европа.

- Реализацијата на овој проект е од особено значење за Република Македонија бидејќи се создаваат услови за приклучување на земјата кон проектот ТАП како и користење на течниот природен гас (ТПС) од резервоарите во Грција. Со тоа ќе се овозможи транзитирање на природниот гас низ Македонија кој понатаму може да се користи и од потрошувачите на останатите земји во регионот, со што ќе се поттикне развојот на инфраструктурата за земјите од Западен Балкан, се вели во соопштението од македонската Влада.
Следува изработка на физибилити студија која ќе ги опфати техничките и економските аспекти на гасното поврзување и ќе понуди конкретни решенија за потребната инфраструктура на територијата на двете држави. За почеток, предвидено е гасоводната линија да има технички проектни перформанси од два до три милијарди кубни метри гас.

Со цел да се отпочне реализацијата на проектот оваа година, Република Македонија и Република Грција заедно ќе аплицираат за финансиски средства во меѓународните институции
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Од 30 до 35 отсто од луѓето во Македонија имаат проблем со обезност, посочи Таравари
-
И денеска чади депонијата „Краста“ кај кумановското село Пчиња
-
Промовирана студија за врсничкото насилство во училиштата од истражување спроведено во три општини
-
Се одржа заедничка седница помеѓу владите на Македонија и на Унгарија, серија билатерални средби на министрите
-
БДП со стапка на раст од 3,2 проценти во четвртиот квартал лани
-
Кривична пријава за фалсификување сертификат за познавање странски јазик
-
106 санкции за неправилно престигнување во текот на вчерашниот ден
-
Лихвари за 3 години изнудиле 9.715.000 денари од лице во Охрид